Со пригодна манифестација за националниот празник на Македонија Илинден 1903-1944, беше одбележан и од македонската заедница во Австралија.
Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија, во неделата, ја организираше традиционалната прослава во чест на големиот национален празник “Илинден” пред споменикот на Гоце Делчев во Епинг.
Прославата започна со панахида за паднатите борци на игумен Гаврил Галев, о. Климент Станковски и о. Глигур Киселинов.
Пригоден говор за значењето на Илинден одржа претседателот на општината за Мелбурн и Викторија Мирчо Ангеловски. Следеше положување на венци на бистата на великанот Гоце Делчев од: Македонската Православна Општина за Мелбурн и Викторија, МПЦ Успение на Пресвета Богородица од Сиднам, пензионерите при МПО Св. Ѓорги, пратеничката за Томастаун Бронвин Хафпени и Македонската добротворна организација MCWA.
Одбележувањето на празникот продолжи во Херитиџ рецепција, каде за присутните беше приреден свечен ручек.
За музиката и веселото расположение се погрижи групата “Сенатор”.







