Се прекинува потрагата по траектот кој исчезна на Кирибати

Во чамецот за спасување кој пловел во морето пронајдени се седум преживеани, а 80 лица се водат како изчезнати.

Воздушната потрага која е организирана откако пред две недели исчезна траект во водите на Кирибати, во Тихиот океан, е прекината и покрај тоа што 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Владата на Кирибати ја прекина воздушната потрага поради пронаоѓањето на преживеани од траектот MV Butiraoi”, објави нoвозеландскиот Центар за координацција при спасување. Дрвениот катамаран долг 17,5 метри ги поврзувал островите Нанути и Бетио, во архипелагот Кирибати, пат кој е долг 250 километри.
Испловил на 18 јануари со 88 патници и членови на екипаж, меѓу кои биле и 23 малолетни лица, пловеле кон South Tarawi, престолницата на Кирибати, каде требале да го продолжат школувањето.
Новозеландските челници кои учествуваат во потрагата велат дека бродот е прогласен за исчезнат на 19 јануари. Минатата недела во чамец за спасување кој пловел во морето пронајдени се седум преживеани, меѓу кои и четиринаесетгодишно девојче. Во потрагата за вториот чамец учестуваа четири авиони на САД, Австралија и Нов Зеланд.
Областа на потрагата голема како Италија
Кирибатските бродови ќе продолжат со потрагата за евентуални преживеани, но сите се сложуваат дека авионите се многу покорисни бидејќи областа која се пребарува е голема како Италија.
Кирибати, архипелаг со 33 атоли и гребени на кој живеат околку 110,000 жители, се прострира на околу 3,460 километри, североисточно од Фиџи.
Траектите се главното сообраќајно средство за поврзување на островите.
Поранешниот премиер Иеремиа Табаи кој го претставува островот Нанути, ја критикуваше владата поради лошото водење на истрагата, особено поради доцнење со организирање на потрагата која почнала дури на 26 јануари.
Исто така побарал да се основа „независна истражна комисија” која ќе утврди зошто траектот немал основна опрема за спасување.

Останати вести