Трамп предупреди со нереди, ако не ја добие номинацијата

Фаворитот за републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, изрази уверување дека ќе освои доволен број делегати за да може да ја добие партиската номинација, предупредувајќи дека се можни нереди доколу таа му биде ускратена.

– Мислам дека не можете да кажете дека таа (номинација) се добива автоматски. Мислам дека ќе има нереди… Затоа што јас претставувам милиони луѓе, рече Трамп во изјава за Си-Ен-Ен.
Во текот на „Супер вторникот 2″, Трамп победи во три од шесте американски сојузни држви во кои се одржаа прелиминарните избори за претседателски кандидат на Републиканската партија.
Трамп досега успеа да освои најголем број делегати на Републиканската национална конценција, што ќе се одржи во јули и на која ќе биде избран кандидатот на Републиканците за претседател на САД на изборите во ноември, но, според аналитичарите, ако се задржи сегашниот тренд, на самиот собир тој ќе има противкандидат за номинацијата и исходот од гласањето на делегатите би бил до крај неизвесен.

Останати вести