Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот план за имиграција на Конгресот кој им нуди на 1,8 милиони млади нелегални имигранти познати како „Сонувачи” пат до државјанство во тек на 10-12 години.
Во сеопфатната реформа која официјално ќе биде претставена следната недела, Трамп, исто така, од Конгресот бара да ја елиминира популарната програма „лотарија за зелена карта” и сериозно да ја ограничи семејната имиграција, чекори што аналитичарите велат дека би можеле да ги преполоват повеќето од еден милион луѓе родени во странство кои мигрираат во земјата на годишно ниво. И во името на запирање на нелегалната имиграција, тој од Конгресот исто така побара буџет од 25 милијарди долари за „фонд” за изградба на ѕидот на американско-мексиканската граница – главна точка на кампањата на Трамп во Белата куќа.
„Одделот за домашна безбедност мора да има алатки за одвраќање на илегалните имигранти, способност да ги отстрани лицата кои илегално влегуваат во САД и витални органи неопходни да ја заштитат националната безбедност”, изјави за новинарите висок претставник на Белата куќа, пренесе АФП.