Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сè повеќе ѝ е лут на Кина поради пандемијата на коронавирусот, особено во Соединетите Држави.
„Кога ќе видам како се шири пандемијата и штетата што им ја нанесе на Соединетите Држави, сè повеќе сум ѝ лут на Кина”, напиша во твит американскиот претседател.
Во Соединетите Држави 1.199 луѓе починале од коронавирус во последните 24 часа, објави универзитетот Џон Хопкинс.
Земјата минатиот вторник забележа околу 47.000 нови случаи на инфекција со коронавирусот, што е најголемото дневно зголемување на нови случаи од почетокот на пандемијата.