Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се соочи со уништување. Трамп нагласи дека САД биле отворени за разговори, но дека нема да дозволат Иран да развива нуклеарно оружје.
Тој исто така објасни дека го откажал нападот над Иран, бидејќи му било кажано дека ќе загинат 150 Иранци.
„Не го сакав тоа. Мислам дека не би било пропорционално” рекол Трамп.
Техеран соопшти дека неидентификуван американски воен авион влегол во иранскиот воздушен простор рано утрото во четвортокот. Иранците се пофалија дека можеле да го урнат тој авион, со 35 војници, но одбрале да го урнат беспилотното шпионско летало вредно 220 милиона американски долари кое истовремено било над Иран.
Тензиите ексалираа меѓу двете земји кога САД го обвини Иран за нападите на танкери во регионот. Иран објави дека наскоро ќе ги надмине меѓународните договорени лимити за неговата нуклеарна програма. Минатата година САД се повлекоа од договорот.