Цел свет ја чекаше одлуката на векот: Трамп пресече

Американскиот претседател Доналд Трамп, го одложи воведувањето на тарифи на челик и алуминиум од ЕУ, Канада и Мексико до 1 јуни. Трамп постигна договор околу постојано изземање за Аргентина, Австралија и Бразил, соопшти Белата куќа.

Одлуката е донесена неколку часа пред истекот на рокот, во кој САД требаше да воведе повеќе царини на увоз на челик и алуминиум од Европа.
Белата куќа соопшти дека детали од договорот со Бразил, Аргентина и Австралија наскоро ќе бидат разработени до крај, не наведувајќи ги условите.
Администрацијата исто така ги продолжува преговорите со Канада, Мексико и ЕУ за 20 дена, стои во соопштението.
Официјален Вашингтон во март воведе 25-процентна увозна царина на челик и 10-процентна царина на алуминиум, а Европската унија и уште шест држави обезбедија привремено изземање од тие царини. Лидерите на ЕУ од порано побараа привремено ослободување на европскиот блок од американските давачки на челик и алуминиум.

Останати вести