Трамп на трагата на третман против коронавирусот: Мислам дека треба да се проба со вбризгување дезинфекциски средства во телото на болните

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги шокираше медицинските работници со последните коментари за лек за коронавирус. Неговите коментари експертите ги нарекоа неодговорни и опасни.

Трамп на прес-конференција за коронавирусот сугерираше дека вбризгувањето дезинфекциски средства (како изопропилен алкохол) во телото би можело да го убие коронавирусот, а предложи и зрачење на телото на болниот од Ковид-19 со УВ-зраци.
Претходно американските научници го брифирале дека вирусот брзо ја губи силата кога е изложен на сонце, топлина и влага. Заедно со тоа, истражувањето открило и дека избелувач би можел да го убие вирусот во капките или во респираторните течности во рок од пет минути, а изопропилниот алкохол наводно може да го стори истото во покусо време.
Оттаму Трамп зклучил дека треба многу внимателно да се сфати ова истражување.
– Да претпоставиме телото да го изложиме на силни УВ-зраци или некое друго моќно зрачење – рече Трамп истовремено вртејќи се кон докторката Дебора Биркс, која е координаторка за борба против коронавирусот во Белата куќа. – Мислам дека рековте оти тоа се уште не сте го провериле, но дека ќе го тестирате.
Тој понатаму предложи:
– Јас тогаш реков, а што ќе се случи ако пуштиме зраци внатре во телото, што инаку може да се направи, или преку кожата или на некој друг начин, па вие рековте дека ќе тестирате. Тогаш видов дезинфекциски средства кои го уништуваат вирусот во минута, постои ли начин да направиме такво нешто, преку инекција или со чистење? Средството да влезе некако во белите дробови. Според мене тоа би било интересно да се провери – додаде Трамп.
Тој ја праша докторката за тоа дали слушнала за третман на лекување на коронавирусот со топлина и зраци?
– Не како третман. Мислам, температурата е добра работа, помага на телото да одговори на болеста, но се уште не сум видела третман со помош на топлина или зрачење – одговори Биркс додека Трамп повтори лично смета оти би било многу добро ако се провери такво нешто.

Останати вести