Оданочувањето на мулитнационалните гиганти и борбата против притисокот за поставување трговски препреки ќе се најдат на дневниот ред на Scott Morrison на состанокот на министри на државите членки на G20.
Министерот Scott Morrison ќе бара од колегите министри на државите на G20 да ги остават своите пазари отворени покрај загриженоста околу трговската војна на САД, Европа и Кина. Scott Morrison одпатува за Буенос Аирес, Аргентина овој викенд на состанок на министери за финансии на државите членки на G20 и гувернерите на централните банки пред состанокот на лидерите на државите G20 во ноември. Изјави дека иако глобалниот економски раст остана силен, ризиците се зголемија.
„Состанокот ќе се одржи во момент во кој се јавуваат трајни финансиски потешкотии во новите трговски економии и напнатост во глобалната трговија. Економската интеграција од отворена трговија и вложување на големо и донесе корист на Австралија. Овој состанок ќе го искористам за на колегите да им ја нагласам важноста за одржување на отворената трговија. Историјата е јасна, кога ќе се подигнат препреките, се намалува растот и бројот на работни места” – рече Morrison.
Уште една клучна тема за Австралија ќе биде добивање на глобалниот договор за оданочување на дигиталната економија. „Групата држави на G20 мора да работи заедно за да се осигура дека големите дигитални мултинационални компании ќе го платат својот праведен дел на данокот” – рече Scott Morrison.