Обвинетите бегалци Алил Демири и Африм Исмаиловиќ виновни се за тероризам и се осудуваат на доживотен затвор, Агим Исмаиловиќ виновен е за тероризам и се осудува на доживотен затвор, Хаки Азири, е виновен и се осудува за две кривични дела помагање на сторител по извршено кривично дело и се осудува на единствена казна во траење од 9 години и Фејзи Азири виновен е за помагање на сторител по извршено кривично дело и се осудува на единствена казна затвор во 15 години, (согласно КЗ законот не дозволува единствената казна затвор да биде повисока од 15 години).
Сами Љута е ослободен поради тоа што јавниот обвинител се откажа од негово гонење во завршниот збор, немало докази!?!?
Случајот „Монструм” го водеше судијата Огнен Ставрев, заедно со судијата Осман Шабани и тројца поротници.
Обвинителката Фатиме Фетаи побара на осудените (тројца) да им се определи мерка притвор поради страв дека ќе избегаат. Судот го уважи барањето и притворот ќе биде во сила до правосилност на пресудата. Фејзи Азири и онака е во затвор за друго дело а Агим Исмаиловиќ беше во притвор од каде беа носени на рочиштата. Зад решетки повторно “влезе” само Хаки Азири кој досега (во изминатите години и претходниот процес) има одлежано веќе половина од казната.
Основниот кривичен суд Скопје го повтори судски процес за случајот „Монструм” по налог на Врховен суд од декември 2017 година.
Во претходната постапка за монструозното убиството на петтемина Македонци на 12 април 2012: момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и 45-годишниот Борче Стефановски – на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.