Минатиов викенд треба да се многу задоволни љубителите на македонските клубови во Викторија. Остварени се три победи и сега на табелата прва е Алтона Маџик Вардар со12 бодови, веднаш зад неа се наоѓа Сиднам Парк Македонија со 9 а Престон Македонија со 6 е на четвртото место.
Алтона Маџик на домашен терен оствари минимална победа над Јаравил од 1–0, а стрелец беше Кларк во 60 минута. Како главен проблем беше лошото судење кое ја прекинуваше играта непотребно, се свиреа непостоечки офсајди, а не се досудуваа очигледни пенали.
Сиднам Парк во натпреварот кој се играше со турскиот тим Карнли повторно го освои пехаот наречен Озие Фехми. Стрелец на единствениот гол беше Сисаи.
Престон Македонија оствари убедлива победа на гостувањето против Дајмонд Вали од 1–3. Стрелци беа: Јаја, Ланда и Стерјовски.
Во сабота, на 30 април, Алтона Маџик гостува кај Вестерн Сабрбс, додека Сиднам Парк игра кај Бањул Сити. Двата натпревари почнуваат во 15 часот.
И Престон Македонија игра на 30 април против Јаравил со почеток во 15 часот.