Здружението на македонски заедници од Австралија ќе одржи јавна трибина во Сиднеј околу содржината и наметнувањето на ‘Преспанскиот договор’, меѓу владата на Зоран Заев и Грција, потпишан на 17 јуни 2018.
Трибината ќе се одржи во четврток, 5-ти Јули 2018, со почеток во 7.30 навечер, во салата на Македонскиот спортски центар Илинден, на адреса 468 West Botany Street, Rockdale.
За импликациите на договорот врз човековите права и слободи во сите делови на Македонија, како и врз владеењето на правото, суверенитетот и демократијата во Република Македонија, ќе говорат тројца правници со долгогодишен активизам по овие прашања: Игор А. Александров, Мајкл Радин и Новица Ангелов.
На трибината се очекува присуство и на претставници на македонските заедници од Волонгонг, Њукастел и други австралиски градови. Присутните ќе имаат прилика да поставуваат прашања на македонски и англиски јазик, како и да изнесат свои предлози околу активностите против имплементацијата на договорот.