Тројца загинати од невремето во Мелбурн, меѓу кои и 4-годишно дете

Три лица загинаа од невремето што го зафати Мелбурн минатиов четврток. Меѓу нив се наоѓа и четиригодишно момче.

Детето, врз кое паднало дрво, починало откако било префрлено во болница. Еден 59-годишен маж загина кога дрво паднало врз неговиот автомобил, соопштија од локалната полиција.
Околу 50.000 домови во вториот по големина австралиски град останаа без електрична енергија.
Службите за итни случаи добиле повеќе од 1.700 повици за помош.
Штетите предизвикани од невремето минатата ноќ доведоа до влез на непречистена вода од браната Силван во системот за водоснабдување.
Поради недостиг на струја пумпите не работеле и дојде до контаминација на водата за 88 предградија што ги снабдува „Yarra Valley Water”. Упатство за граѓаните во афектираните подрачја е да се зоврие водата и да не се пие вода од чешма или да ја користат за подготовка на храна.
Водата што од чешмите може да се користи за туширање, тоалети, миење на рацете, миење садови, облека и наводнување во градина.
Последица ако се консумира загадената вода е гастро-симптоми.

Останати вести