Трудо: Канада e загрижена поради терористите што се враќаат од Исламската држава

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека неговата земја е загрижена од заканата против националната безбедност поради терористите што од Исламска држава се враќаат назад во земјата.

Трудо изјави дека ќе набљудува оние што ги прекршиле антитерористичките закони на Канада приклучувајќи се кон Исламската држава, но додаде дека неговата влада ќе се обиде и да ги реинтегрира во општеството.
„Ние признаваме дека враќањето на таквите лица може да предизвика последици за националната безбедност.
Ќе ги следиме и ќе им помогнеме да ја напуштат терористичката идеологија”, додаде тој.
Познато е дека речиси 180 канадски државјани патувале во странство за да се приклучат кон ИД. Според владата, 60-ина од нив се вратиле во Канада, а само двајца од нив се осудени во рамките на антитерористичкото законодавство во земјата.

Останати вести