Бил Шортен почна остар напад врз коалицијата велејќи дека прајминистерот „морално банкротирал” и оти се „потпира на несоодветен сенатор”. Лидерот на опозицијата им се обрати на присутните на државната конференција на Лабуристите во Квинсленд на Златниот брег, пред да почне расправата на делегатите за различни теми од договор со доморотците до приватизацијата.
Шортен изјави дека владата на Турнбул сака да ризикува и со програмата „да нема повеќе оружје на улиците” во замена за гласот на либералниот сенатор Давид Лајонел. Исто така ја критикуваше поддршката што владата во сенатот ја дава на Боб Деј од партијата Family First, и покрај тоа што тој е основач на пропаднатата компанија Home Australia и кој изјави оти неговата положба „не е одржлива”, се додека се занимава во помагање на кредиторите.
„Иако Боб Деј сам изјави дека остави неплатени сметки кон семејства без завршени домови, либералите сакаат да го задржат во сенатот за да обезбедат уште еден глас за својот напад врз синдикатите. Ова е морално слаб прајминистер. Морално банкротиран прајминистер, кој се потпира на несоодветен сенатор” – рече Шортен.
Тој исто така го нападна можниот договор меѓу владата и независните пратеници со кои би се поместил датумот за почеток на новите закони за платено породилно боледување, со кој $12,000 би им биле одземени на жените кои имаат право на надокнада за породилно боледување од федералниот буџет и од програмата на работодавецот.
„Морам да му кажам на сенаторот Ник Зенофон и некои други кои само зборуваат дека сакаат да го забрзаат датумот за носење нов закон, оти ништо не значи кога ќе почне грабежот, неправедно е било кој ден и датум да ја одредува бременоста и дали нешто е случајно или не, тоа е неправедно” – рече Шортен.