Во стил ја завршија турнејата

Фолк-пејачите Ѓоко Јовиќ, Анета Арсовска и групата “Енерџи бенд” со распродадени концерти низ Австралија ја кренаа границата на можности за македонските музичари.

Настапите во петокот во Мелбурн и Перт за време на викендов беа крајот на оваа турнеја. Како ретко досега овој спој на музичари создаде атмосфера која ги задоволи вкусовите на сите посетители.
Тајната можеби беше што покрај народната музика, која се изведува во првиот дел, се пееја во вториот дел и забавни нумери од Македонија, од соседството и интернационални песни каде беа застапени голем број хитови со кои сите сме израснале.
Организаторот на концертите “Република ентертејмент” најавува наскоро нови изненадувања и вистински музички десерт.

Останати вести