Голема посетеност на турнејата на ”Солзи и Смеа”

Во Мелбурн успешно заврши турнејата на Театарот “Солзи и Смеа” од Битола. Комичарите се претставија на сцената со “Жени на власт”, а во вториот дел изведуваа дел од своите хумористични скечови по кои е позната оваа група.

На двете претстави се собра солиден број љубители на театарот што укажува дека постои интерес за почести настапи на театри од Македонија. Порано имавме театарски претстави со кои локалните групи “МТГ” и “Бумеранг” се претставуваа пред заедницата, но повеќе години од нив нема нова продукција ниту најава дека нешто спремаат.
Останува уште последната изведба на “Жени на власт” во Перт, во сабота, на 27 февруари, со која завршува турнејата низ Австралија на омилените битолчани.

Останати вести