Турската влада го одби барањето на ПКК за примирје?

Вооружената група Курдска работничка партија (ПКК) побарала примирје со турската влада пред неколку месеци, но тоа било одбиено од Анкара, изјави лидерот на прокурдската опозициска партија во Турција, Селахатин Демирташ.

– Пред неколку месеци бевме во контакт со Кандил (ПКК) во обид да се вратиме на преговарачката маса. Владата знаеше дека работиме на тоа, но го отфрли – изјави копретседателот на Демократската партија на народите Демирташ на прес-конференција во Истанбул.
Примирјето меѓу забранетата ПКК и владата пропадна во јули, по што југоистокот на Турција, претежно населен со Курди беше втурнат кон еден од најкрвавите периоди од почетокот на бунтот во 1990-те години.

Останати вести