Иако многу луѓе туширањето го доживуваат како незаобиколен секојдневен ритуал, стручњаците советуваат дека премногу честото туширање сепак може да донесе повеќе штета отколку корист.
Стручњаците наведуваат дека не е потребно да се тушираме секојдневно, и дека сосема е доволно да се тушираме два пати неделно.
Доктор Елејн Ларсон, експерт за инфективни болести од Универзитетот Колумбија рекла дека секојдневното туширање не е неопходно, барем не за нашата кожа.
– Луѓето се тушираат за да бидат чисти, но бактериолошки, тоа не е случај. Премногу честото туширање дури може да предизвика повеќе проблеми. На тој начин од површината на телото ги отстранувате есенцијалните масла и ја зголемувате шансата за инфекција, додека туширањето им помага на бактериите да влезат низ оштетента кожа – појаснила таа.
Дерматологот Брендон Мичел од Универзитето Вашингтон наведува дека туширањето два пати неделно е сосема доволно.
– Вашето тело е добро подмачкана машина. Секојдневното туширање не е потребно – рекол д-р Мичел.