Уапсен маж кој со бомба се закануваше на аеродромот во Бризбејн

Мажот кој со бомба се закануваше на меѓународниот аеродром во Бризбејн е уапсен, соопшти полицијата во Квинсленд

Полицијата по апсењето посочи дека за среќа никој не е повреден.

Меѓународниот аеродром во Бризбејн беше евакуиран, а се запре  и железничкиот сообраќај, кој одеше до аеродромот, откако полицијата прогласи вонредна состојба по изјавите на очевидци дека маж со себе носел бомба и се заканувал.

На аеродром поради превентивни мерки и натаму е присутна полицијата.

На социјалните мрежи беше објавено дека на терминалот има маж кој е вооружен со ножеви и дека се заканува со бомба.

Останати вести