Седумнаесетгодишник во Сиднеј е уапсен и обвинет за планирање терористички напад, соопшти полицијата во средата.
Тој бил уапсен во неговиот дом во Сиднеј ноќта кон вторникот по локално време. Антитерористичките единици биле повикани по неговите објави на социјалните мрежи, наведува полицијата од сојузната држава Нов Јужен Велс.
Обвинет е за планирање терористички чин и за користење на телекомуникациската мрежа со намера да изврши сериозен напад.
На тинејџерот му е одбиена кауцијата и ќе биде изведен пред судот за малолетници уште во средата, наведува полицијата.
„Мораме да бидеме претпазливи”, изјави австралискиот прајминистер Малколм Трнбул за новинарите во Перт во текот на изборната кампања.