Уапсен возачот кој газеше пешаци, во камионот пронајден експлозив

Шведската полиција уапси двајца мажи по нападот во Стокхолм во кој се убиени четворица пешаци. Еден од уапсените е осомничен дека е извршителот на терористичкиот напад, односно возачот кој со камионот газеше пешаци.

Тој бил уапсен,откако полицијата објави негова снимка од безбедносните камери.
– Се сомневаме дека уапсениот е извршител на терористичкиот напад. Можеби има и други луѓе поврзани со него, но тоа во овој момент не го знаеме – изјави полицискиот портпарол Ларс Бистром за Франс прес.
Според локалните медиуми во украдениот камион со кој е извршен нападот, пронајдена е вреќа полна со експлозив. Но ова полицијата не го потврдува.
Шведскиот премиер Штефан Левен нападот го нарече терористички. Повредени се десет лица, а осум возрасни и едно дете сеуште се во болница.

Останати вести