Уапсени четворица поранешни припадници на ИСИС, по тројца се трага

Во акција спроведена во Скопје и Тетово уапсени се четири лица, а се трага по тројца осомничени дека се поранешни припадници на ИСИС, информираат од Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување на истрага за седум лица – припадници на ИСИС.
На осомничените им се става на товар кривичното дело – терористичка организација по чл.394-а ст.2 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Три лица од уапсените се од Скопје, додека едно лице е од Тетово.
Останатите тројца осомничени се недостапни за органите на прогонот.
Обвинителството до Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставило предлог за определување на мерка притвор за осомничените.

Останати вести