Објективот на нашата камера забележа голем број на наши иселеници од сите места од Австралија, што уживаат во топлото и летно расположение на Европа. Годинава, како и веќе повеќе претходни, Македонците од Австралија се сигурно најбројни и најзабележителни од туристите во Македонија.
Кај локалното население веќе се прават шеги како се познаваат “кенгурите” споредено со оние од САД, Канада и Европските иселеници. Нивната забелешка е дека новчаникот на останатите сите го кријат и тешко дека ќе добиеш бакшиш, додека австралиските иселеници се посрдечни и знаат да наградат.
Стефан Горгиевски






