Секое наше патување носи ново доживување. Во сите прилики како и секој од вас, драги читатели на овој наш убав македонски весник, напишан на наш македонски јазик и печатен во оваа наша втора татковинa, cите се радуваме при секое наше патување за можноста да се видиме со нашите Најмили, да ги посетиме нашите родни места, нашите домови, да ги видиме и посетиме своите фамилии, своите роднини, пријатели, комшии.
Тука имаме можност да посетиме неколку наши здравствени установи: Дом на деца без родители, Дом за хендикепирани; да се подружиме со нив, да им донесеме барем неколку часа од топлина и ведрина, да им направиме еден посебен ден, да се потрудиме да им ја вратиме нивната насмевка, ведрина и сјај за кратко.
Со посетата можеме да видиме и посетиме колку што можеме повеќе од нашата татковина, да се восхитуваме на природните убавини што ги има Македонија.
Македонија е преполна со природни убавини. Нашите планини, езера, реки, водопади, градови и села. Секое македонско село е посебно. Некои се поголеми, некои помали, едни побогати од другите. Сите куќи се различни, секое село со свои македонски обичаи, но сите подеднакво прекрасни.
Секој град во Македонија има своја убавина. Сите се разликуваат еден од друг. Секој со нешто посебно што го нема во другиот. Во секој град има организирани автобуски патувања низ цела Македонија.
Ви препорачувам за вашата следна посета на нашата татковина да одделите време и да отидете на тие патувања. Ветувам ќе ја видите Македонија на посебен начин. Кога патувате сами убаво е. Кога патувате со автобус е уште поубаво. Кога вози друг, имате време да ги видите сите убавини околу вас, да и дадете прилика на природата да ве обвие во нејзините топли прегратки. Не обрнувате внимание на состојбата на патот туку забележувате каде ве носи, не гледајте го ѓубрето фрлено покрај патот тоа го направил некој. Бидете одушевени од убавинaта на пејсажот околу вас. Секоја глетка поубава од претходната, cе дружите со луѓе кои не ги знаете, се богатите со нови познанства. Создавате нови спомени, нови доживувања, вашите патувања се побогати, спомените поголеми, помили, незаборавни.
Во било кој град да одите, секогаш ќе видите нешто што претходно сте го изоставиле. Ќе ве однесат во градови кои претходно можеби и не сте имале можност да ги посетите.
Мене посебен впечаток секогаш ми остава БЕРОВО. Самата местоположба на градот, гостопримливоста на градот. Секој граѓанин што ќе го сретнете иако не се познавате, ќе ве поздрави со широка насмевка на лице. Само тоа ќе ви ја стопли душата. Храната изобилува со највкусните млечни производи, планински мед, и малешевски специjалитети прочуени ширум Македонија. Ќе посакате да поминете подолго време во ова волшебно место. Чистиот планински воздух е вистински лек за душа. Угостителските комплекси ce секогаш преполни.
СТРУМИЦА исто така e многу убав град и е еден од најпосетените градови во Македонија. Многу наши македонски песни ce напишани за неа. Ве обвива во својата прегратка, ви дава топло добредојде. Има еден посебен шарм во овој град. Пребогат е со настани, со карневали, фестивали, со највкусните и најпресни градинарски производи, зеленчуци и овошја. Во неговата околина се наоѓа познатата и лековита бања – Банско.
Околината е богата со манастири, водопади.
Во него живее нашиот македонски артист со голем талент, Проф. М-р. Митко Тошев. Cекое негово ново креирано дело му дава душа, го враќа во живот. Секоја ваша слика ја претвора во совршено ремек-дело на платно. Пoбарајте го, дајте им на вашите најблиски и најсакани незаборавен и вреден поклон. Поклонете им нешто што ќе го имаат засекогаш. Направете портрет од нив.
Побарајте го Митко Тошев дајте му ваша слика, за останатото ќе се потруди тој да ви направи нешто посебно, вредно, уникатно, вечно.
Ќе им донесете на своите најмили нешто посебно и многу вредно за многу малку пари. Побарајте го на Facebook или тел +389 78 322 100 www.mitkotoshev.com.
Ви посакувам вашето следно патување во нашата татковина да ви биде подобро и побогато во душата од сите претходни.
Среќна и весела Нова Година. Да ви биде подобра од сите досега. Да ви донесе многу здравје, бериќет, благодет и мир во секој дом. Напомош сите наши празници. Божјата милост насекаде да ве прати. Секое ваше добро направено со добро да ви се врати.
Голем поздрав до сите вас.
СЕКОЕ ДОБРО
БЕТИ (АСТРОН)
Моб: 0410 003 800