Убавата наша македонска музика

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СОЦИЈАЛНОТО ДРУШТВО “СВ. НАУМ ОХРИДСКИ”
Минатиот викенд музичката експедиција од македонските ѕвезди Сузана Спасовска, Милица Кузмановска, Благоја Грујовски и Ибуш Ибраимовски имаа извонредни настапи во полните сали на Лаунџ Ресепшон во Волонгонг и Панчбол Клуб во Сиднеј.

На настапите се слушаа многу хитови со препознатливиот македонски мелос. Ви пренесуваме неколку слики од прекрасната атмосфера.
Инаку, од хуманитарниот Охридски бал, кој се одржа во Мелбурн, најголем дел од средствата што се собрани се наменети за Геријатриското одделение во Охридската болница, но и за други цели. Организаторот на познатиот Охридски бал, социјалното друштво „Св. Наум Охридски”, постои 33 години и се гордееме со неговото достигнување.
“Оваа година славевме со деветмина кои специјално пристигнаа од Македонија. Балот годинава беше со хуманитарен карактер и не е организиран само за Македонците што живеат тука, туку и за гостите од други националности, луѓе што имаат хуманост и чувство за помош на оние на кои им е потребна таа, во случајов геријатриското одделение во Охрид”, изјави Васко Ангеловски, претседател на Друштвото.
Остануваат уште концертите во Канбера во петок, на 15 јули и во Перт во сабота, на 16 јули.

Останати вести