НЕГОВОТО ИМЕ СЕ МРАЗИ И НЕ СЕ ИЗГОВАРА:
Пред 20 години, младиот русокос маж кој возел жолт автомобил со даска за сурфање на кровот, убил 35 луѓе во Порт Артур, историско, туристичко место во Тасманија.
Тоа беше најголемото масовно убивање во историјата на Австралија, и долга низа години го дефинираше местот, а меѓу мештаните тоа е чувствителна, речиси табу тема.
Напаѓачот, Мартин Брајант, е еден од најозлогласените злосторници во земјата, но неговото име ретко се изговара во Порт Артур.
Затоа не чуди што луѓето биле изненадени и шокирани кога во март ова година, еден актер со жолто возило возел околу местото на масакрот по налог на една голема австралиска телевизија.
Градоначалничката Росана Хејвард вели дека тоа што го направиле е страшно.
Медиумското повторување на масакрот пред неговата 20-годишнина ја вознемирило заедницата. Од март до денес објавени биле низа репортажи за масакрот, во кои имало никогаш видени материјали, искази, графички прикази и телевизиски реконструкции.
Врв била најавата дека оваа година ќе се снима и филм за масакрот, во кој ќе се зборува дека Брајант всушност не бил убиецот.
Стивен Ларџ, директор на локалитетот во Порт Артур во кој Брајант ги убил повеќето од своите жртви, рекол дека телевизиските реконструкции се разочарувачки. Посебно жолтиот автомобил на местото на настанот.
„Тоа погоди и вознемири многу луѓе во локалната заедница, а сигурен сум дека многумина биле директно погодени во 1996. година”, рекол тој.

