Во тепачката во македонскиот ресторан во Мелбурн е убиен Дени Димовски

Дени Димовски (33) е избоден до смрт во тепачката што се случила на забава во македонскиот ресторан „Корзо грил хаус” во Каролајн Спрингс, северозападно предградие на Мелбурн.

Австралиските медиуми јавуваат дека по инцидентот неуспешни биле обидите за негова реанимација и Димовски починал во амбулантната кола од обилното крварење што не можело да се сопре и потоа е пренесен во болница.
Убиството се случило кога група луѓе се обиделе да влезат во ресторанот околу 2 часот по полноќ.
Кога пристигнала полицијата Дени Димовски, кој бил еден од организаторите на забавата, лежел избоден со нож.
Дени е дојден од Македонија пред три години со студентска виза и е братучед на фудбалер на Сиднам Парк Македонија. Дознаваме дека телото на Дени е задржано од полицијата на обдукција и дека не можеле да го видат ниту неговите роднини минатиов викенд.
Убиството се случило во раните утрински часови минатава сабота, кога група непоканети гости, кои според очевидците биле Срби, околу 2:15 часот после полноќ се обиделе да влезат на приватна забава во ресторанот „Корзо грил хаус” на Gourlay Rd. Откако во тоа не успеале, предната врата им била заклучена, се обиделе да го скршат стаклото кое е со индустриска јачина и само напукнало но не се кршело, тие влегле од задната врата која води во кујната и од таму зеле нож со кој е убиен Дени.
Групата насилници потоа избегала а ножот е пронајден од полицијата во близина на ресторанот. Се очекува наскоро полицијата да го обзнани идентитетот на убиецот.
Сопствениците на ресторанот, Џим и Јасмина Рибаровски, изјавија дека Димовски бил редовен гостин во нивниот ресторан.
Македонскиот ресторан „Корзо грил хаус” е отворен во 2014 година, а сопствениците велат дека е „мало парче од европскиот рај во северозападниот дел од Мелбурн”.

Останати вести