Австралиски службеник за безбедност бил застрелан крај амбасадата во Багдад, потврди Министерството за надворешни работи.
34-годишниот маж, чие име не се соопштува, бил вработен во Unity Resources Group, која е задолженa за обезбедување на амбасадата.
„Владата изрази сочувство до семејството на Австралиецот во врска со овој трагичен инцидент”, се вели во соопштението. „Околностите на неговата смрт ќе бидат детално испитани”, додава министерството.
Премиерот Малком Турнбул одби да коментира за инцидентот што се случил доцна во средата.