Карли Џаде Пеарс – Стивенсон и нејзината ќерка Кандалиc Пеарс, исчезнале во 2008 година, но неодамна беше откриено дека се убиени, откако полицијата годинава ги пронајде коските на девојчето во куфер покрај автопат во Јужна Австралија. Случајот започна да се разјаснува со поддршка на јавноста.
Иако последен пат мајката и ќерката се видени во 2008 година, семејството на исчезнатите ги пријавиле година дена подоцна. Мајката на Карли по неколку денови ја повлекла пријавата, бидејќи добила порака од нејзиниот телефон, во која пишувало дека се добри и дека се е во ред.
Инаку убијците на мајката и на ќерката со години испраќале пораки од мобилниот на Карли, за нејзиното семејство да не се посомнева дека е убиена, соопшти австралиската полиција. Тие притоа ги користеле и банкарските сметки и земале социјална помош и барале пари од семејството, притоа подигнале околу 100.000 долари.
Телото на 20-годишната мајка е пронајдено во 2010 во шумата Белангло во НЈВ, но не можеле да ја идентифукуваат жртвата додека не се поклопиле податоците со починатото девојче.
Истрагата за убиствата е се уште во тек, а Даниел Холдом од НЈВ е приведен од полицијата како осомничен, заедно со неговата тогашна девојка Хазел Пасмор од Аделаид.


