Укинат е полицискиот час во Мелбурн

Во Мелбурн најпосле заврши контроверзниот полициски час, откако пред време се постигнаа целите за контрола на коронавирусот, и се воведува третиот степен на ограничувања.

Полицискиот час во Мелбурн е укинат во понеделник наутро, учениците ќе се вратат на школо од 12 октомври, со сите ученици од основните училишта, а се разбира и ученици од специјалните училишта и учениците од VCE, VCAL.
Премиерот Даниел Ендрус рече дека колку побрзо ги постигнеме целите – толку побрзо ќе можеме да ги разгледаме нашите следни чекори.
Свадби сега се дозволени на отворено со ограничување од пет лица, вклучително со младоженците и двајца сведоци.
Супермаркетите и центрите за дистрибуција на храна ќе се вратат да работат со полн капацитет, градинките за деца можат повторно да се отворат.
Производството во градежништвото ќе се врати до 90 проценти од својата работна сила. Исто така, укинат е лимитот за само едно лице по домаќинство да има дозвола да пазарува еднаш дневно.
Од сега ќе се бара Викторијанците да носат маска за лице, што значи повеќе нема да можат да носат прекривки како шалови, бандани или само пластични штитови за лице.
Во меѓувреме жителите на Мелбурн мора да почекаат најмалку три недели за да можат да ги видат своите најблиски надвор од зоната од пет километри.
Засега собири на отворено се дозволени до пет лица, од не повеќе од две домаќинства, и ќе треба да бидат на 5 километри радиус од домовите на присутните.
Овие надворешни средби не можат да бидат во дворовите на луѓето и мора да бидат на јавно место, како што е парк или на улица.

Останати вести