Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, по жалбата на неговите адвокати е пуштен да се брани од слобода.
Апелацискиот суд одлучи да му ja укине затворската казна од 7 и пол години која му беше определена за обидот за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Апелација одлучи судењето да почне одново. Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари, на 1 јуни минатата година.
За поседување на оружје на Љупчо Стојановски во друг судски процес му беше одредена казна затвор од една година.
Судењето на функционерите од ФЗОМ за смртта на малата Тамара одложено за утре
На 12 декември ќе продолжи рочиштето за смртта на Тамара Димовска од Велес во кое се обвинети членовите на Првостепената и на Второстепената комисија кои го донеле, односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ.
На барање на одбраната минатата среда беше прекинато судењето со образложение дека доказите кои ги презентира обвинителката се нецелосни, бидејќи беа читани само насловите. Тие побараа појаснување за секој доказ што ќе биде изнесен пред судот.
Судијата Марин Станевски и наложи на обвинителката да се подготвои за следното рочиште и детално да ги објасни доказите.
Пред почетокот на судењето одбраната побара објаснување од Судот зошто за обвинетата Елена Трпкоска, за која е издвоено судењето поради нејзината здравствена состојба, веќе се одржало прво рочиште.
Адвокатите на обвинетите побараа Судот да се произнесе за спојување на постапката, со образложение дека се работи за исти докази и оти се сомневаат за издвојувањето и причините за тоа, како и доколку не се спои постапката да ја добијата целосната документација од водењето на тоа рочиште.
Малата Тамара Димовска почина во 2015 година. Официјалните лица од ФЗОМ не ја пуштија да оди на операција на рбетот во Турција. Таа страдаше од деформирање на нејзиниот рбет, кој потоа притискаше врз нејзините внатрешни органи. Иронијата да биде поголема, на денот на погребот на 12-годишната Тамара нејзините родители добија писмо од ФЗОМ дека лекувањето во странство конечно и е одобрено!?