Австралија нема да продава уран на Русија

Австралија одлучи да не и продава ураниум на Русија во знак на протест против политиката на Москва во Украина.

 Истовремено владата на Тони Абот најави дека ќе отвори амбасада во Киев и евентуална воена помош во тренирање на војската на Украина.

– Немаме никаква намера да и продаваме ураниум на земја која го крши меѓународното право – изјави премиерот Тони Абот пред парламентот.

Пред неколку денови Абот најави дека Австралија, која ја погодува руското ембарго на западни прехранбени производи, ќе ги заостри санкциите против Москва поради нејзината поддршка на проруските сепаратисти на истокот на Украина.

Австралија не користи нуклеарна енергија, но е трет најголем производител на ураниум зад Казахстан и Канада.

Абот најави дека Канбера има намера краткорочно да ја поддржи Украина давајќи и општа помош, вклучително и воена помош, но исклучувајќи испорака на оружје.

Останати вести