Секој што имал уринарна инфекција знае колку болна може да биде таа. Постојаното чувство како да имате потреба да мокрите, болки и притисок во стомакот се само неколку знаци кои покажуваат на нејзино постоење.
Ако сакате на природен начин да се решите од оваа непријатност, тогаш пробајте го овој лек кој се подготвува со 4 состојки. Иако многу бактерии се случува да се повторат, овој лек спречува дел од нив.
Потребни состојки за овој лек се: 250г корен од магдонос, 250г лимон, 250г мед и 200мл маслиново масло. Коренот од магдонос и лимонот (заедно со кората) треба ситно да се исецкаат, а потоа сите состојки да се изматат во блендер. Бидејќи лимонот се става со кора,ставете го да отстои во ладна вода со сода бикарбона. Ќе добиете кашеста смеса која треба да ја чувате во ладилник. Секоe утро, консумирајте по една лажичка.
Што друго можете да направите за уринарниот тракт?
Пијте повеќе вода
Иако ова не звучи како некој посебен лек, внесувањето на доволно течности во организмот е најважното нешто што можете да го направите за уринарниот тракт. Поради внесувањето на течности, мокрењето ќе биде почесто и на тој начин има поголеми шанси да ги исфрлите бактериите од себе. Препорачани се најмалку 8 чаши вода на ден, а тоа само го забрзува чистењето од бактерии.
Редовно одете во тоалет
Во никој случај немојте да ја задржувате урината во себе и да трпите. Задржувањето само помага бактериите да се размножат уште повеќе. Редовното мокрење го намалува нивниот број и шансата да се зголеми инфекцијата.
Пијте чај од магдонос
Магдоносот делува како диуретик, а освен што е освежувачки, тој го забрзува оздравувањето. За да ублажите или спречите уринарна инфекција пијте го овој чај, кој се прави на следниот начин: во 250мл зовриена вода се ставаат 2 мали лажици сув магдонос и се остава да отстои 6- 10 минути.
Добриот тренинг се мери според бројот на срцеви отчукувања
Ако не сте сигурни дали вежбате ефикасно, истото можете да го воочите согласно бројот на срцеви отчукувања и чувството на глад поcле тренингот.
Болките во мускулите кои се појавуваат после вежбањето се показател дека тренингот бил добар. Таквата болка може да трае од 2-4 дена после тренингот и значи дека телото се прилагодува на моменталниот режим. Во тие моменти не треба да мирувате и да чекате да помине болката. Наместо тоа, продолжете да вежбате.
Максималниот број на срцеви отчукувања во минута се одредува според формулата: 220 минус бројот на години. Луѓето кои имаат 30 години, ќе имаат максимален број од 190 отчукувања во минута. Рекреативците треба да вежбаат во зоната помеѓу 60 и 85% од сопственото максимално оптеретување. Во овој пример, тоа би значело помеѓу 114 и 160 отчукувања во минута.
Уште еден знак за добар тренинг е и зголемениот апетит. Зголемената потреба за храна, без оглед дали станува збор за глад неспоредно после тренинг или општо, е нормална бидејќи потрошувачката на енергија е зголемена. Јадете првиот половина час после тренинг.
Во текот на квалитетен тренинг нормално е да се потите. Секако дека не се потат сите подеднакво, но би требало барем да имате чувство дека ви е многу топло.
Ако едвај успевате да излезете од теретана, сте претерале. После добар тренинг треба да чувствувате дека ништо не ви претставува препрека.