Услуги за одмена од негата

Одмена од негата е краткотрајна нега. Му дава на негувателот кратка пауза од нивната вообичаена улога на негување, за да се посвети на секојдневните активности или да оди на одмор. Исто така на личноста за која што се грижи и се овозможува да запознае други луѓе и да ужива во социјалните активности.

Одмена од негата може да се спроведе во домот или во заедницата. Може да биде договорено да биде за неколку саати, еден ден, преку ноќ или повеќе. Може да биде редовен неделен настан или нешто што се случува само еднаш во годината. Исто така може да се користи во итна ситуација.
Одмена од негата е значајна услуга бидејќи:
• Овозможува дополнителна поддршка за негувателите за да можат да продолжат да се грижат за својот член од семејството во домот.
• Помага да се намали стресот и исцрпеноста што може негувателите го чувствуваат од време на време.
• Го подобрува здравјето и благосостојбата на негувателот.
• И се овозможуваат нови искуства и активности на личноста за која што се грижи.
• Одмената од нега е еден вид на услуга што овозможува поддршка за негувателот и личноста за која што се грижи.
Негувател е личност што се грижи за член од семејството или пријател, во заедницата или во сопствениот дом. Негувателите може да ја обавуваат грижата неколку саати неделно или цел ден секој ден. Во повеќето случаи, личноста за која што се грижи не може да продолжи да живее дома без помош од нивниот негувател.
Услугите за одмена од негата им помагаат на негувателите ако се грижат за некој којшто:
• Има над 65 години и е беспомошен.
• Е на возраст до 65 години и е со попреченост.
• Има деменција.
• Има ментална, хронична или неизлечлива болест.
Одмена од негата е исто така достапна за постари лица што живеат сами и сметаат дека не се способни да се грижат за себеси и им е потребен одмор, на пример кога се опоравуваат од болест.
Одмена од негата се овозможува на многу различни начини. Изборот на една или комбинација од повеќе помага во задоволувањето на потребите и на и негувателот и на лицето за кое што се грижи. Некои од најчестите видови на Привремена нега вклучуваат:
Одмена од негата во домот
Одмена од негата во домот овозможува негувателот да има кратка пауза со тоа што ќе има работник за одмена од негата кој ќе доаѓа дома за да се грижи за личноста на која й е потребно згрижување. Тоа е обично за неколку саати неделно и е испланирано однапред. Најчесто одмена од негата во домот се овозможува преку општините.
Одмена од негата во домот овозможува:
• Грижа еден на еден во домот.
• Лична и домашна нега ако е потребно.
• Избор од рекреативни активности како прошетки во локалните паркови или на кино, врз основа на индивидуалните интереси и хоби.
Локалната општина ќе направи проверка за да одлучи за потребите за нега и приоритет за услуга.
Одмена од негата што се пружа во заедницата
Одмена од негата што се пружа во заедницата се одржува надвор од домот. Негувателот може да направи пауза додека личноста за која што се грижи учествува во активности подготвени од зедницата.
Дневна одмена од негата
Дневна одмена од негата најчесто се одвива во дневните центри, здравствените центри во заедницата и некои старечки домови. Тоа обично е редовно, за половина или цел ден. Групни активности се планирани и може да вклучуваат:
• Лесни вежби, таи чи.
• Рачни работи, дрводелство.
• Игри со табла, карти, бинго.
• Забава.
• Информациони разговори.
• Оброци и превоз.
• Прошетки за да се посетат некои места од интерес или да се оди на купување.
Привремена нега преку ноќ
Одмена од негата преку ноќ е овозможена од некои дневни центри и домови за одмена од негата што се пружа во заедницата. Тоа им дава на негувателите кратки и флексибилни паузи со тоа што се овозможува престој преку ноќта или краток престој. Одмена од негата преку ноќта може да биде испланирана однапред или да биде искористена во итни ситуации. Одмена од негата преку ноќ овозможува:
• Средина што наликува како да живеете дома.
• Нега на лица со мали потреби на нега.
• Нега за кратки временски периоди, до 7 ноќи сорезервации.
• Да бидете сместени во приватна спална соба и да се одвиваат групни активности.
• Квалификуван персонал кој е достапен 24 часа за помош.
Проценка на одмена од негата што се пружа во заедницата е спроведена од давателот на услугата на одмена од негата.
Одмена од негата во старечки дом
Одмена од негата во старечки дом е најчесто најпознатата форма на одмена од негата. Негувателот добива краткотрајна пауза додека личноста за која што се грижи останува во старечки дом од една до две недели или повеќе. Одмена од негата во старечки дом:
• Е достапна во домовите со низок стандард на нега како и во домовите со висок стандард на нега, познати како хостели и домови за нега.
• Најчесто се користи ако негувателот не се чуствува добро, е на одмор или кога негувателот е недостапен за краток временски период.
• Може да биде испланирана или искористена во итна ситуација.
• Потребно е одобрение од Службата за проценување на потребата од не­га за постари лица (Aged Care Assessment Service) (ACAS) во обете места со низок и со висок стандард на одмена од негата во старечки дом.
• Е ограничена до 63 дена по финансиска година во рамките на субвенциите на Владата наменети за старечките домови. Можеби ќе следуваат дополнителни 21 денови за одмена од негата ако е тоа одобрено од ACAS.
• Исто така тоа е добар начин за запознавање на установата пред да се прифати одмена од негата.
Одмена од негата во итен случај
Одмена од негата во итен случај се користи за неочекувани или итни ситуации. Итни случаи може да бидат смрт на роднина или ненадејна болест или несреќа кога негувателот не може да се грижи за личноста.
Можете да стапите во контакт со Сојузниот центар за одмена на негувателите и Центарот за информирање на негувателите (Common­wealth Respite and Carelink Centre) 24 часа на ден за да добиете помош во договарањето на привремена нега во итен случај.
За негувателите е важно да имаат подготвено резервен план за употреба во итен случај. Планот за нега во итен случај треба претходно да биде дискутиран со луѓето кои се согласиле да бидат лица за контакт во итен случај. Тоа можат да бидат семејни членови, пријатели или локален давател на услугата.
Опрема за нега во итни случаи е достапна бесплатно во Сојузниот центар за одмена на негувателите за да се помогне однапред во планирањето на итен случај.
Флексибилна одмена од негата
Флексибилна одмена од негата е овозможена преку иновативни и флексибилни програми за да помогнат во задоволувањето на специфичните потреби на негувателите и на лицето за кое што се грижат. Тоа може да биде одмена од негата спроведена вон нормалните програмски часа, од време на време, за викендот или за годишните одмори. Локалните доктори, здравствени служби во заедницата и многу други организации можат да овозможат информации за услугите за одмена од негата.
За повеќе информации, контактирајте ја информативна телефонска линија за нега на постари лица (Aged Care Information Line) 1800 500 853 или Commonwealth Carelink Centre 1800 052 222.

Останати вести