Спектакуларен успех на концертите во Австралија со Ѓоко Јовиќ, Анета Арсовска и Енерџи Бенд.
Како и претходните недели така и оваа настапите во Волонгонг и Канбера беа распродадени и исклучително весели. Дознаваме дека последниот настап во Мелбурн во Grand Neret Reception на 22 јануари е целосно распродаден веќе три недели. Организаторите oд Република ентертаинмент мораа да вратат повеќе од 300 луѓе бидејќи едноставно немаше место.


