Заверши турнејата со Сузана Гавазова, Христијан Кико Божинов, Демо Шавлев и групата Болеро со последните два концерта во Сиднеј и во Квинбијан.
Оваа турнеја беше одлично посетена насекаде низ Австралија, како секогаш кога е во прашање одличната организација од Република ентертаинмент.
Сузана и Кико је наградија публиката со нивните гласови и репертоар. Сузана, по 4 години пауза покажа дека е уште во самиот врв на македонските женски естрадни уметници. Кико, наречен уште македонскиот Павароти, покажа глас невиден на македонската естрада што ја прави публиката секогаш презадоволна.
Заеднички оваа екипа со Болеро и Демо направија концерти за коишто ќе се зборува цела 2017 година како за едни од најдобрите.
