Успешно одржан македонскиот јуниорски куп 2013

Во саботата и неделата се играа натпреварите на вториот Македонски јуниорски куп. На овој голем спортски настан за младите фудбалери од 7 до 16 години, покрај можноста за докажување на екипите беше и извонредна можност за дружење и создавање на нови пријателства.

Организатор на настанот беше фудбалскиот клуб Пленти Вали Лајонс, а леринчани за овој настан се потрудија се да биде во најдобар ред. Бидејќи на овој настан се собира голем број млади фудбалери и нивните родители, за полесна организација беше љубезно отстапен теренот на Престон Македонија, кој со своите четири игралишта целосно ги задоволи потребите.

Следната година Македонскиот јуниорски куп ќе биде организиран од Лајло Јунајтед Слога.

В  четврток, на 10 октомври,  во Австралиско Македонски Денес ќе бидет објавени победниците во сите категории, заедно со тимските фотографии.

 

Останати вести