Изборите не донесоа политичка стабилност во В. Британија

Тереза Меј ќе остане премиер на Велика Британија и лидер на Конзервативната партија, и покрај бројните повици, повеќето од нејзината партија, да се повлече.

Меј ќе ја добие подр­шката од северноирските унионисти, кои добија 10 пратенички места, обезбедувајќи тесно мнозинство за да ја формира новата влада.
„Ќе ја формирам владата, Влада која ќе обезбеди сигурност и ќе ја води Британија напред во ова критично време за нашата земја, рече таа во првиот свој говор по изборите.
Kонзервативците освоија 318 места, 12 помалку од претходниот парламентарен состав и во партијата преовладува чувство на пораз, додека лабуристите, главната опозициска партија на која и предвидуваа тежок пораз, освои 261, дури 29 места повеќе од претходните избори. Нејзината одлука за одење на предвремени избори е остро критикувана.
„Одлуката за избори беше арогантна, глупава и политички наивна и го загрози нашиот Брегзит, вели Пол Нутал – Лидер на УКИП.
Барајќи посилна позиција на преговорите во Брисел, таа катастрофално погрешно го процени расположението на Британците, и на само 10 дена пред стартот на преговорите непотребно создаде политички неред во Британија.
„Ризикувањето имаше контраефект и таа излезе ослабена. Останува да се види дали таа ќе остане на власт, дали членовите на нејзината партија ќе и го дозволат тоа.”, смета Стивен Блокманс – директор на Центарот за надворешна политика на ЕУ. Сите останати политички партии се обединија во повикот за оставка на Меј, потенцирајќи дека во никој случај нема да прават никакви договори со нејзе и нема да ја подржат нејзината нова влада.
„Тереза Меј вети силно и стабилно лидерство а донесе слабости и несигурност. Ако има и грам самопочит, таа ќе си поднесе оставка.” изјави Тим Фарон – Лидер на Либералната партија.
Постеше можност влада да формираат и Лабуристите во коалиција со Либералите, Зелените и велшките социјалдемократи, т.н прогресивна коалиција која би имала 313 места, но Меј ја доби потребната подршка и повторно таа ќе ја формира владата.

Игор Трајков

Останати вести