МЕРКЕЛ: Вакцината „АстраЗенека“ е ефикасна, но јас не би се вакцинирала со неа

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека нема да се вакцинира со вакцината на „АстраЗенека”.

Имено, иако ригорозната Европска агенција за лекови ЕМА го одобри вакцинирањето со „АстраЗенека” за постари од 18 години, германските научници не ја препорачуваат за постари од 65 години.
Како што пишува „Гардијан”, дури четири петтини од вакцините „АстраЗенека” кои се испорачани во европските земји се уште не се искористени. Проблемот со одбивање на вакцината „АстраЗенека” посебно е изразен во Германија.
Податоците на европскиот Центар за контрола и превенција на болести велат дека од 6.134.707 дози кои се дистрибуирани во 27 земји членки на ЕУ, дури 4.849.752 не се искористени.
Само во Германија повеќе од милион дози вакцина „АстраЗенека” уште стојат во магацините, првенствено затоа што луѓето не сакаат да се вакцинираат со таа вакцина. Германија искористи само 15 отсто од дозите.
Властите во Франција, Германија, Полска и Италија препорачуваат вакцинирање со „АстраЗенека” само за помлади од 65 години. Токму тоа е клучниот фактор за спората примена на вакцината во земјите од ЕУ.
Меркел призна дека вакцината „АстраЗенека” има лош публицитет, но вели дека се работи за сигурна вакцина
Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг” германската канцеларка Ангела Меркел призна дека вакцината на „АстраЗенека” луѓето ја одбиваат поради тоа што се загрижени за ефикасноста и сигурноста на оваа вакцина, што е последица на лошиот публицитет.

Останати вести