Вакцинирање за работниците кои се во првите борбени редови против пандемијата

Минатата седмица почна вакцинацијата против коронавирусот, и некои служби ќе добијат вакцина пред останатите.

За да ја покаже довербата кон вакцинацијата меѓу првите беше и прајминистерот Морисон, кој ја доби првата доза на Фајзер вакцината, а се очекува другата вакцина од компанијата АстраЗенека да го сочинува поголемиот дел од понудата на вакцини откога ќе бидат вакцинирани оние кои се во првата борбена линија против пандемијата. Федералната влада ја превзема улогата на координатор на програмата и изработка на план на поделба на вакцините во пет фази. Некои членови на одредени категории ќе мораат да го докажат својот статус како што е професија со која се занимаваат или медицински статус, изјави федералната влада. Федералната влада вели оти очекува сите да бидат вакцинирани до октомври.
Фаза 1а
Работниците кои се во најголема опасност од заразување први ќе добијат вакцина заедно со вработените во домовите за стари лица и нивните корисници.
Во првата категорија се вклучени и вработените во хотелските карантини и луѓето кои работат во пограничните служби и одредени групи на здравствени работници.
Во таа категорија спаѓаат и здравствените работници кои работат во итните служби, на КОВИД одделенијата и во респираторните клиники. Во оваа група се вклучени и медицинските сестри/техничари и вработени во лаборатории.
Тука се вбројуваат и вработени кои даваат грижа на лица со инвалидитети и лица кои имаат инвалидитети.
Фаза 1б
Откога ќе се вакцинираат оние од фаза 1а, ќе се вакцинираат лица постари од 70 години заедно со останатите здравствени работници и оние кои имаат хронични болести.
Абориџаните постари од 55 години исто така се вклучени во оваа категорија заедно со вработените во полиција, одбранбените сили, пожарникарите и вработени во итните служби.
Фаза 2а
Лица постари од 50 години ќе можат да се вакцинираат во оваа фаза како и абориџани на возраст од 18 до 54 години.
Во оваа фаза ќе се вакцинираат и „останати клучни вработени и работници под висок ризик” , вели владата.
Фаза 2б
Останата возрасна популација ќе може да се вакцинира во фазата 2б, како и оние кои не успеале да се вакцинираат во раните фази на вакцинацијата.
Фаза 3
Австралијанци помлади од 18 години ќе можат да се вакцинираат во оваа фаза ако тоа го препорачаат здравствените екперти.
Моментално со вакцината на Фајзер можат да се вакцинираат само оние постари од 16 години.

Останати вести