Валенсија потврди дека има 25 заразени од Коронавирус

Во ниту еден спортски колектив нема толкав број на заразени.

Шпанскиот примералигаш Валенсија е рекордерот по бројот на заразени луѓе од коронавирусот. Според последните потврдени информации, 10 фудбалери се заразени, а плус 15 луѓе се од персоналот во клубот. Со тоа, бројот на заразени во Валенсија стигна до 25 луѓе.
Засега потврдени беа само имињата на тројца фудбалери кои се заразени, а потоа имињата на останатите заразени останаа тајна. Валенсија беше екипата која гостување во Милано против Аталанта, во мечот кој го доби епитетот на „биолошка бомба”, затоа што потврдено е дека по тој меч на „Сан Сиро”, всушност започна и масовното ширење на опасниот вирус во Италија.
Во Шпанија има преку 80.000 заразени од опасниот вирус и е втора земја по Италија во Европа.

Останати вести