Комплетирањето на 12. коло од ракметната Лига на шампионите во машка конкуренција полека ги најавува и двојките за осминафиналето, така што на две кола до крајот ситуацијата станува сè појасна.
Екипата на Вардар забележа голема победа над тимот на Мотор Запорожје, така што обезбеди и пласман во следната рунда односно во осминафиналето.
Вардарци славеа со 38:28 и ова беше одличен триумф кој ги искачи место повисоко на табелата.
Според актуелната ситуација на табелите, Алборг е тимот кој би требало да биде ривал на Вардар. Сепак, „црвено-црните” ќе мораат да го одбранат 5. место во “Групата Б” доколку сакаат да останат со овој ривал.
Вториот можен ривал е ПСЖ, кој откако го загуби дерби дуелот со Пик Сегед сега е сигурен на 3. место и во осминафиналето ќе се соочи со составот кој ќе финишира на 6. позиција во “Групата Б”.
Сè ќе зависи од 13. коло така што останува да се види како Вардар ќе го реши гостувањето кај тимот на Порто.