Православните ја прославија стара Нова година и Василица: Пита и лепче со паричка на трпезата

На 14 јануари македонските православни верници го прославија споменот на свети Василиј Велики, а воедно и го одбележаа почетокот на Нова година по (стариот) Јулијанскиот календар (инаку новата година за Православната црква започнува на 1 септември).

Верниците за празниците ги почитуваа мерките одредени од здравствените власти за заштита од коронавирусот. Во повеќе делови на Австралија на сила се ограничувања на бројот на луѓе во храмовите и при доаѓање в црква задолжително е носење заштитна маска.
Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на светецот го слават својот именден.
Македонците кои се водат по овој календар по традиција кршат и лепче/зелник со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година.
Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.
Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од калуѓерите на Света Гора.
За разлика од нив сега по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Останати вести