Прославата за Василица (Стара Нова Година), македонската пензионерска група Битола од општина Витлси ја одржа во Barry Roads Community Activity centre.
Како интересен зачин на оваа прослава му дадоа гостите од Кинеската асоцијација од Витлси, кои видоа дел од нашите традиции и истовремено прикажаа и дел од нивната ориентална култура.
Отец Јовица беше присутен за да го благослови ручекот и денот во кој уживаа сите присутни.



