Васко Наумовски ја дезинформира јавноста, но вистината секогаш излегува на виделина

Граѓанското здружение – Координативно тело на македонски организации од Австралија сака да ги информира сите Македонци дека протестот кој беше организиран и спроведен пред Конзулатот на Република Македонија во Мелбурн ниту е потпомогнат ниту е финансиран од СОРОС.

Пратеникот Васко Наумовски се обиде да го претстави во јавноста овој настан како СОРОСОИДЕН и како СДСМ-овски, што е далеку од вистината.
Да му појасниме на таканаречениот пратеник дека протестот е демократско право на секој граѓанин во демократска земја преку кој се изразува одредено незадоволство од нешто.
Така и ние кои живееме во демократска Австралија излеговме на мирен протест за да го искажеме нашето незадоволство од одлуката на Иванов за помилување на криминални структури во Македонија.
Ние не протестиравме против партија, ние протестиравме против одлука на која се спротивставија сите партии, вклучително и ВМРО – ДПМНЕ, па оттука се наметнува прашањето зошто толку го засегна Наумовски овој протест или можеби тој е против одлуката на партијата која ја застапува.
Организаторот на протестот ќе ги преземе сите правни мерки против Васко Наумовски за обвинувањата за кои постојат и докази, а докази се неговите изјави за радиото од Сиднеј како и постовите на Фејсбук.
Дека Наумовски е толку неук покажува и тоа што име на настан нарекува портал и настан и соопштение поврзува со медиум.
Голем број од координативното тело на Македонски оганизации се истите луѓе кои го организираа големиот семакедонски протест во Мелбурн во 2008 година.
Јавно го прашуваме Васко Наумовски каде беше тој тогаш?
– Каде беше и од кого се криеше на последниот протест против аболицијата?
Знае македонската заедница кој е и што е Васко, а секако добро е запознаена и Викториската полиција која има досие за него.

Петре Веселинов

Останати вести