Четврта државна лига на Викторија север, 10 коло
Леринчани оваа години тешко влегуваат во форма, доживувајќи пораз од просечната екипа на Ватсонија ќе треба да се запалат светлата за тревога. Средината на сезоната е на прагот и многу лесно може да се влезе во опасната зона со просечни резултати. Следниот натпревар е против силен противник кој има амбиција за промоција. Се надеваме дека Леринчани ќе соберат сили и пријатно ќе изненадат на домашен терен.
Во сабота, на 11 јуни, Пленти Вали Лајонс на домашен терен ја пречекува екипата на Вест Престон со почеток во 15 часот.