Вечер на прекрасна дружба

Минатата сабота во Гренд Нерет Ресепшон се одржа заедничка игранка на КУД Гоце Делчев, КУД Јане Сандански и КУД Илинден. На оваа вечер играорните групи можеа да покажат што подготвиле од своите тренинзи оваа година. Се разбира, оваа прилика беше и можност да се запознаат децата од играорните друштва, да другаруваат и да се веселат заедно. Вакви настани ни недостасуваат во заедницата, тоа е можност да се присетиме кои сме и што сме, да видиме колку е убаво да си со другите Македонци.На забавата извонредно свиреше музичката група “Соната”, а традиционално добрата услуга во Гренд Нерет Ресепшон ги задоволи присутните.

Останати вести