Вечеринка на младите играорци

Секогаш е убаво кога може да се видат младите играоци како се дружат. Така и минатава сабота во Фераро рецепцијата се одржа вечеринката на КУД Гоце Делчев, а како гости беа присутни и културно уметничките дру­ш­тва “Никола Карев” и “Јане Сандански”.

Вечерта посебно пленеше големата група на КУД “Јане Сандански”, која покажа прекрасен сплет и уиграност што се постигнува кога долги години играорците ќе поминат заедно вежбајќи ги ората.
За забавата се погрижија со музика во живо првата дама на фолк музиката во Австралија, нашата Татјана Лазаревска и извонредниот музичар Tоше Тодоровски.
Честитка до управата, кореографите, родителите и децата за нивниот напор за очувување на македонската традиција и културата во Австралија.

Останати вести