Македонците во Австралија минатиов викенд масовно го одбележаа Христовото воскресение Велигден.
Во сите храмови на МПЦ-ОА беа служени воскресни велигденски литургии на полноќ и во текот на првиот и вториот ден од Велигден.
Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал Божествената моќ.
На Велигден, верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе”.
Традицијата и понатаму опстојува а повеќе генерации ја следеа Воскресенската богослужба, си го честитаа празникот, се кршеа со Велигденски јајца, палеа свеќи за здравје и среќа.










